Лоба замина на уживање во природа, но не додржа па му се качи на…

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.

Една од нашите најубави пејачки на естрадата, Викторија Лоба, каде и да се појави секогаш блеска со својата појава. Независно дали станува збор за дневно или вечерно издание, Лоба постојано на себе има интересни и впечатливи комбинации кои не поминуваат незабележано.

Атрактивната пејачка е постојано активна на социјалните мрежи, а деновиве галеријата фотографии ја поднови со нови моменти поминати во природа.

„Задоволство и природа“, напиша Лоба како коментар за фотографијата на која стои качена на својот автомобил.

И додека повеќето за ваква прилика избираат да облечеат тренерки и да уживаат во комфорот, Лоба се одлучила за стилски префинета комбинација од тесни фармерки кои ги истакаа нејзините нозе, едноставна маичка, колоритно дуксерче и бели патики.

Иако во сосема опуштено издание, Лоба и во спортска варијанта успева да остане маркантна.

28 април 2016 - 20:28