Лепа Брена: Некој ми фрли клетва

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Бриф.

По низата лоши настани во нејзиниот живот, Лепа Брена е уверена дека некој фрлил клетва на неа и се наоѓа во депресија. Нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ не се одделува од неа во болницата, каде таа лежи со двете раце во гипс и не може ништо да направи без помош.

По низата негативни настани во нејзинито живот – од киднапирањето на нејзиниот син Стефан, преку операцијата на тромб на левата рака, губењето на нејзиниот татко, па се до последниот несреќен пад на одмор по кој заврши со двете раце во гипс – Брена е во депресија и мисли дека некој фрлил клетва на неа – пишува српски Телеграф.

- Таа важи за силна личност но падот и беше последна капка во чашата. Ја окупираа црни мисли и повторува дека е проколната. Двете раце и се во гипс и оперирана е, па се чувствува немоќно. Рацете и се фиксирани и не може ништо да направи, нервозна е што зависи од други, бидејќи е навикната таа да ја има контролата – вели извор близок до лепа Брена за „Информер“.

29 јули 2014 - 10:54