Костадин и Анастасија повторно заедно!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Естрада плус.

Раскинувањето на Анастасија Ражнатовиќ и Милош Теодосиќ одекна во јавноста подеднакво како и веста за нивната врска, а оваа информација едвај дочека да ја слушне Костадин Терзиќ, поранешниот на Анастасија.

Како што дознаваат српските медиуми, Костадин повторно комуницира со ќерката на Цеца и наводно посакува да ја обноват врската.

-Не е тајна дека на Костадин му беше тешко кога раскина со Анастасија. Тие неколку години беа во врска и логично е дека не му беше сеедно. Кога Анастасија се сплетка со Тео, Костадин е можеше да верува, но не сакаше ниту да и пречи на патот кон љубовната среќа. Сепак, кога ја слушна веста дека повеќе не се гледаат, помисли дека е време да и прати порака, но таа не му одговори, открива добро информиран извор.

Дали Анастасија ќе премине преку проблемите од оваа врска, останува времето да покаже.

25 ноември 2016 - 09:22