Какво животинче држи Анастасија Петреска на прстот ?

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Естрада плус.

Анастасија Петреска деновиве изненади со интересна фотографија на социјалните мрежи.

Таа на прстот држи камелеон и очигледно е бестрашна кога се милениците во прашање.

Камелеонот е гуштер од класата игуани, кој може нагло да ја менува бојата на телото – од зелена, во темна или речиси бела. Камелеонот може да биде долг до 30 сантиметри. Како што е авантурист на сцената Анастасија очигледно е авантурист и во приватниот живот. И додека повеќето може да се пофалат дека чуваат маче или куче, таа може да се пофали со поегзотичен миленик.

Сепак дали е навистина нејзин или само има желба еден ден да чува камелеон, останува да видиме!

6 декември 2016 - 11:31