ИЗЛАЖАНИ | Чипирањето луѓе веќе започна! Истражувањето покажало дека секој трет човек во телото веќе има вграден жиг на ѕверот!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кукурику.

Во написот објавен оваа недела, детално се опишува студијата спроведена на речиси 3.000 лица, во која се идентификувани околу 1.000 луѓе, на кои им биле имплантирани РФИД чиповите

666
666

Американскиот технолошки институт под наслов “Вајоминг институт за технологија” спроведе студија во која дојде до неверојатни податоци одн. до вистината која е добро скриена од јавноста. Всушност, истражувањето кое случајно го спроведоа покажало дека веќе во овој момент, секој трет човек во Америка во своето тело има РФИД микрочип. Најдобро од сè е дека овие луѓе не знаат ништо за тоа. Тие не знаеле дека во нивното тело е вграден микрочип што е целосно застрашувачки.

Во написот објавен оваа недела, ја опишуваат деталната студија спроведена на речиси 3000 лица, кои се идентификувани околу 1.000 луѓе, на кои им биле имплантирани РФИД чиповите.

Водечки научник на студијата Џон Brug, го изјави следново:

“Ние одлучивме да ја објавиме оваа студија, заради јавниот интерес за имплантирање РФИД и стравот дека тоа би можело да биде вообичаено. Излегува, сепак, дека тоа е веќе вообичаено. Откривме дека шокантно голем број на Американци носат РФИД импланти во своето тело. Огромното мнозинство на овие луѓе се целосно несвесни дека им бил вграден чипот. Се надевам дека оваа студија ќе доведе како општество да застанеме и навистина да ги разгледаме последиците и делувањето на имплантацијата на РФИД кај луѓето.”

Во студијата гледале и на зачестеноста на имплантација на РФИД, како и имплантирање на веќе вообичаените места на телото. Освен општо познатите места за имплантирање, како што е на пример задната страна на раката, исто така, нашле многу РФИД чипови, кои биле вградени во забните пломби. Функцијата на чиповите варираше, но авторите на студијата сугерираат дека во многу од нив откриле личен идентитет, вклучувајќи го и бројот на социјалното осигурување, како и медицинската евиденција. Најдобар начин да се утврди дали ви бил имплантиран РФИД чип, е да се консултирате со квалификуван лекар, професионално да го скенира целото тело со РФИД читачот. Загрижени граѓани, исто така, можат да се обидат сами да се скенираат себеси, но граѓанските скенери не се секогаш доволно чувствителни за откривање на вградени RFID чипови.

Ова истражување докажа дека стравувањата на човештвото од чипирањето се целосно втемелени, но и криминалците кои тоа го прават тајно. Тие тајно го микрочипираат населението, според ова истражување во соработка со докторите, стоматолозите и други професионалци, кои на луѓето им ја остават апсолутната доверба, која е брутално изневерена. Ако еден од тројца Американци тајно има вграден микрочип, тоа значи дека само во САД има околу 100 милиони микрочипирани луѓе. Но, не е сигурно дека микрочипирањето запира на границите на САД. Ништо не може да исклучи ниту тајно микрочипрање на остатокот од светот, бидејќи и оваа студија беше сосема случајна, а резултатите исклучително шокантни и изненадувачки за научниците, кои не го очекуваа тоа. По објавувањето на овој напис дури и не мора да се спомене дека настанала вистинска паника, затоа што луѓето го носат “жигот на ѕверот” во себе, но да не знаат за тоа!

Во книгата Откровение 14,09 се вели: “По нив, ете го третиот ангел, кој извиквуаше со силен глас: “Кој и да му се поклонува на Ѕверот и на неговата биста и ќе го прими белегот на челото или на раката, ќе пие од виното на Божјиот гнев, неразводнето, наточено во чашата на неговиот гнев! И ќе биде мачен со оган и сулфур со светите ангели пред очите на Јагнето. Чадот од нивното мачење оди засекогаш низ вековите. Ниту дење ниту ноќе, тие немаат одмор, тие му се поклонуваат на Ѕверот и на неговиот лик, и секој оној кој ќе ја прима ознаката со неговото име.”

Со оглед на фактот дека во Откровението е нагласено дека “жигот на ѕверот” ќе се инсталира по слободна волја и слободен избор, несвесното жигосување на луѓето не е ништо друго, туку присилно одземање на слободната волја на човештвото и пропаганда, која нѝ докажува дека микрочипирањето и жигосување луѓе не е научна фантастика. Тоа не е теорија на заговор ниту измислица, туку суровата реалност и вистина. Околу нас, веќе одат микрочипирани суштества кои повеќе и не можеме да ги нарекуваме луѓе, бидејќи тие со самото тоа што се микрочипирани во власта на оној кој го контролира чипот, а не во власта Божја како што треба да биде.

Како што се претпоставува елитите на својот план ги поробуваат сите Божји битија веќе многу години и тоа во тајност. Така што преку тајното чипирање тие веќе утре можат да вклучат фаталниот “клик” и да прават што сакаат. Луѓето се како што гледате брутално измамени и поробени, а преку ноќ им е одземена власта над себеси и таа власт е предадена во рацете на Луцифер, кнезот на овој свет, на кој толку лесно му се оставаат “влекачите” односно лидерите на овој глобален систем. Дали сте, и вие микрочипирани? Не можете да ја исклучите можноста дека не сте.

22 јули 2014 - 16:36