Хороскоп за домашни миленици

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вдоми миленик.

Хороскопот има важен дел и улога во животот на вашиот домашен миленик. Дали некогаш сте се запрашале зошто вашата мачка или куче се однесуваат поинаку? Одговорот можете да го добиете врз основа на датумот на нивното раѓање и хороскопот.
Нивниот хороскопски знак ќе ви помогне околу нивното одгледување и полесно ќе го разберете нивното однесување. Ако неодамна сте добиле домашно милениче, ова е одличен начин да дознаете што да очекувате од него и како да се однесувате кон него.

horoskop
horoskop

ОВЕН (21. Март – 20. Април)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Овен се родени да бидат лидери во нивната животна средина. Тие се обидуваат да бидат газди на другите домашни миленици кои се во нивна близина. Ниедно друго милениче нема да се осмели да ги нападне. Тие не можат лесно да бидат ставени на поводник. Ако не им дадете доволно внимание ќе станат тврдоглави и непослушни. Тие знаат која е нивната територија и ќе ја бранат со сите сили.

БИК (21. Април – 20. Мај)
Домашните миленици родени во знакот на Бик се познати по тоа што се мрзливи. Тие многу сакаат да јадат и уживаат кога ќе им пуштите музика. Особено сакаат лежерна музика со која многу брзо ќе заспијат. Тие преферираат луксузен живот, како и нивните сопственици. Тие сакаат нежно, тивко и пријатно опкружување каде што ќе можат да се релаксираат. А кога се борат, се борат до крај и не се откажуваат лесно.

БЛИЗНАЦИ (21. Мај – 21. Јуни)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Близнаци имаат безгранично многу енергија. Тие сакаат да ги забавуваат сопствениците и го сакаат нивното внимание. Ако се натпреваруваат речиси секогаш освојуваат трофеи. Тие се шармантни, многу дружељубиви и многу чувствителни. Претежно љубопитноста ги вовлекува во невоља. Се согласуваат со други домашни миленици, и многу е лесно да ги дресирате.

РАК (22. Јуни – 22. Јули)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Рак се премногу чувствителни. Тие со своите постапки ве принудаат да станат член на семејството. Неопходно им е внимание. Ако ги критикувате ќе се повлечат во аголот и ќе мируваат. Ако не им се посвети внимание ќе цвилат и ќе станат тврдоглави. Никогаш нема да се впуштат во борба со други домашни миленици и се многу плашливи. Домашните миленици кои се родени во знакот на Рак ќе ви станат пријатели за цел живот.

ЛАВ (23. Јули – 22. Август)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Лав се родени лидери. Тие се многу горди. Исто така познати и се како арогантни миленици. Но, секако знаат да бидат и пријателски и друштвено настроени. Никој нема да се осмели да го оспори нивниот авторитет. Тие се полни со љубов и верни на својот сопственик, но ако во куќата има повеќе миленичиња, тие 24 часа ќе го бараат вашето внимание. Имаат одлична меморија и се препорачува да ги земете, особено ако имате мали деца, бидејќи тие ќе си играат со нив.

ДЕВИЦА (23. Август – 22. Септември)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Девица сакаат да бидат чисти и тие се секогаш подготвени за капење, додека повеќето други домашни миленици, тоа не го сакаат. Тие се особено комплексни. Може да си играат со вас по цели денови. Кога се гладни, јасно ви даваат до знаење дека е време да се јаде. Склони се кон алергии, затоа обратете внимание на тоа.

ВАГА (23. Септември –22. Октомври)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Вага комуницираат со својот сопственик преку нивните очи. Тие се немирни и неодлучни. Често знаат да го тестираат трпението на сопственикот со своето однесување. Тие се подготвени да направат се, за да привлечат внимание. Тие се многу нежни и сакаат да се дружат со други домашни миленици. Нивното нервозно однесување често ги вовлекува во проблеми.

ШКОРПИЈА (23. Октомври – 21. Ноември)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Шкорпија се многу лојални и забавни. Тие со своето однесување ги држат сопствениците во добро расположение. Многу се приврзани кон куќата. Тие имаат способност за читање на мислите на своите сопственици. Обожуваат да бидат во дворот и да си играат. Понекогаш знаат да бидат многу тврдоглави и непослушни.

СТРЕЛЕЦ (22. Ноември – 21. Декември)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Стрелец се полни со енергија и имаат силни нерви. Тие се забавни миленичиња. Ако сакате да се чувствувате помлади тие се идеални за вас. Кога ќе пораснат стануваат потемпераментни. Поради својата неспретна природа често запаѓаат во невоља. Тие сакаат да бидат сакани, и сета љубов што ќе им ја дадете, бидете сигурни дека тие ќе ви ја вратат. Тие сакаат авантура и сакаат да истражуваат нови средини.

ЈАРЕЦ (22. Декември – 19. Јануари)
За домашните миленици кои се родени во знакот на Јарец карактеристично е дека тие се помудри од други домашни миленици. За нив е карактеристично да сакаат го одржуваат редот во нивниот двор. Тие исто така многу сакаат да спијат и јадат. Многу се тврдоглави и не им се допаѓа ако нешто не е по нивно. Себични се, но не сакаат да бидат сами. Тие се идеално друштво за деца за време на нивните игри.

ВОДОЛИЈА (20. Јануари – 18. Февруари)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Водолија се нежни суштества. Тие го чувствуваат расположението на нивните сопственици и дејствуваат соодветно. Тие сакаат вода и сакаат да пливаат. Тие се многу интелигентни и пријателски настроени. Тие лесно може да се дресираат. Многу сакаат да душкаат кога ќе ги однесете во непознато место. Љубители се на храната.

РИБИ (19. Февруари – 20. Март)
Домашните миленици кои се родени во знакот на Риби обожаваат вода. Тие се многу чувствителни и лесно може да го препознаат расположението на својот сопственик. Склони се кон упаѓање во невољи. Тие се хиперактивни и импулсивни во природа. Често знаат да го менуваат нивното расположение. Потребен им е голем простор за да се чувствуваат убаво. Тие, исто така се нежни и полни со љубов.

28 мај 2017 - 10:36