ГИ РАЗВЕСЕЛИ ФАНОВИТЕ: Се огласи Шумахер! (ФОТО)

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Sky.

Михаел Шумахер повторно се појави во јавност откако на социјалните мрежи осамна неогвиот официјален профил.

 
 

Фановите ширум светот се присетуваат на иконата на Формула 1 која точно пред 22 години ја оствари својата прва победа во кариерата.

Шумахер во декември 2013 година настрада во несреќа на скиење во француските Алпи. Од тогаш дел од времето го помина во вештачка кома, а последнава година се опоравува во домот во кругот на семејството, кое од јавноста ги крие информациите за неговата состојба.

Се претпоставува дека зад профилот на Шумахер се крие неговото семејство или некој многу близок, а единствена цел е собирање на фановите на едно место како би разменувале спомени за великанот на Ф1.

25 декември 2016 - 18:53