Дух влегол во станот на пејачката Катерина и ја бакнувал по вратот

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Maxim.

На српската пејачка Катерина Живковиќ и се причинуваат духови.

Имено, Катерина на нејзината помошничка и раскажала како со денови е избезумена бидејќи мислела дека во текот на ноќта ја посетил дух.

- Нема да верувате што ми раскажа Катерина пред неколку дена. Едвај успеав да ја вразумам и да и објаснам дека тоа е плод на нејзините фантазии. Поради тоа морав неколку ена да спијам кај неа. Едно утро ме повика испаничено и ми рече дека итно да дојдам во станот.Мислев дека нешто не сум направила како што треба, а таа ме дочека преплашена со приказна рамна на научно фантастичните, раскажала помошничката.

- Ми рече дека духот легнал до неа, а некаде околу три наутро слупнала некои чекори. Мислела дека доаѓа нејзината мајка, која требало да дојде тој ен кај неа, но потоа се сетила дека тоа е невозможно. Чекорите како што ми раскажа, биле се поблиску и поблиску, а таа се обиела да се помрдне но не успеала. Во еден момент почуствувала како некој и се приближува, но не можела да отвори очи ни да ги помрдне рацете. Тогаш почуствувала како некој ја бакнува на вратот, и дека не знаела што да прави, почнала да во себе да ги изговара молитвите кои ги знаелла. Неколку минути духот си заминал од кај неа, а потоа ги отворила очите, раскажала помошничката на Катерина.

30 ноември 2016 - 09:40