Во време кога на голема врата во Македонија се заговара “Антиквизација“,малкумина во Македонија знаат дека Македонија има свој Приц ,кој е признат од Кралските Лози од целиот свет.Тоа е Принц Боге Петер Колоски,  потомок на принцезата Ана од Долна Саксонија од 18 век. Принц Колоски отвора кралска фондација во Македонија,Принц Колоски добил поддршка од многу кралски семејства. Меѓу поддржувачите се принцот Чарлс од Велика Британија, Јорданскиот принц Абдалах, принцот Адам од Лихтенштајн, Елена од Шпанија, која е втора по ранг на кралот Хуан Карлос, принцезата Марта од Норвешка, од руската царска лоза, од холандската кралица Беатрис и многу други кралски семејства.

Во 1974 година Принц Колоски ја почнува потрагата за докажување на својот кралски корен. Во тоа време бил уапсен од КОС, затоа што истакнувал дека Македонија ќе биде независна држава. Од 1978-1983 година бил следен од непознати лица, а во Прилеп бил обвинет дека не ги следи социјалистичките текови.
– Трпев и се допишував. Стигнав до кралството што се отцепува од пруското и хановерското „Ромкерхалт“, кое повторно се официјализира во 1986 година. Неговите корени потекнуваат од Македонија. Го посетив кралското семејство и се запознав со кралицата Ерна. По периодот за испитување на лозата, ми го признаа кралското потекло по принцезата Ана – истакнува Принц  Колоски.
Тој објаснува дека имало две основи за признавање на „сината крв“: наследството и способноста. Наследството се утврдувало веднаш, а способноста се следела повеќе години. Откако кралицата и кралскиот совет се увериле во способноста на Принц Колоски Боге, во 2006 година му ја доделиле грофовската титула. Во април  2006година кралицата потпишала указ да ја добие титулата регент-принц на Колоски Боге (титула со која може да се управува со кралство. Принц Колоски истакнува дека е наследник на еден од дворците на кралицата Ерна, кој треба да го наследи по нејзината смрт. Со тоа, истакнува Колоски, и Македонија станува наследник на кралскиот дворец.
– Се стремам Македонија да добие кралство, бидејќи кралствата не генерираат криминал. Речиси во сите кралства криминалот е околу три проценти. Тогаш ќе престанат кавгите. Како кралство Македонија ќе биде многу повеќе ценета – истакнува Колоски.

Потомок на принцезата Ана од Долна Саксонија
Принц Боге Петер Колски е потомок на Никола Петер Колаја, кој на многу места се појавува како Рајка, и на принцезата Ана од Долна Саксонија. Ана и Никола се запознале во Неапол, а потоа се вратиле во Охрид, па во Корча и во Елбасан и Голобрдо, за подоцна да се населат во Лакавица, односно Јабланица, Струшко.
На Никола и Ана им се родиле седум сина и пет ќерки, кои се растуриле по Балканот, Германија, Полска. Во овие две земји презимето Колоски може да се сретне илјадници пати.
Боге Петер Колоски влече корен од синот на Никола Петер Колаја, Никола Петер Рајка. Во 1750 година овој клан имал 12.000 луѓе, исто толку овци и околу 2.500-3.000 грла крупен добиток. Наследниците на Никола и Ана до денес се среќаваат под четири презимиња: Поповски, Рајковски, Колоски и Стевовски. Во сите семејства мора да има по едно име Никола.

Сашо Денесовски