Бојата на неговите очи открива што да очекувате од него во врската

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вечер.

Идниот пат кога ќе погледнете некој маж, внимавајте на бојата на неговите очи бидејќи тоа може да ви открие што можете да очекувате од романсата со него.

Идниот пат кога ќе погледнете некој маж, внимавајте на бојата на неговите очи бидејќи тоа може да ви открие што можете да очекувате од романсата со него.

Очите навистина се огледало на душата! Кафените очи се најчести, потоа се сините, а најретки се зелените. Боите на очи, како црна, сива и боја на мед, се појавуваат поради различниот размер на боите во шареницата на окото. Меѓутоа, бојата на очите не е само украс на лицето на кое му се воодушевуваме, туку е навистина поврзана со особините на личноста.

Сини очи

Без разлика дали се пастелни или интензивно сини, оваа боја на очи се поврзува со младост и со невиност. Мажите со темносини очи се постраствени, а светлосините очи укажуваат дека е од помирна природа. Студиите покажаа дека луѓето со сини очи се помалку агресивни и дека имаат пониско ниво на самодоверба.

Но тоа не значи дека бледите и синооки мажи се послушни. Тие се често многу коректни и со многу добро разработена стратегија на додворување. Најверојатно е добар во спортови како голф или во други активности за кои е потребно планирање. Момчињата со сини очи претпочитаат девојки со сини очи.

Кафени очи

Момчињата со кафени очи се понежни, посериозни и полојални. Најчестата боја на очи е поврзана со поголема самодоверба и одлучност. Затоа можеби не е случајност што повеќето успешни и богати луѓе на светот имаат кафени очи.

Зелени очи

Оваа боја на очи е многу поретка отколку кафената или сината боја, така што мажите со зелени очи се сметаат за мистериозни. Нивната енергија е поголема, а со самото тоа и нивното либидо. Зелените очи укажуваат на спонтаност и на мечтаење. Затоа бидете подготвени на импровизиран состанок на место и во време кога воопшто нема да очекувате.

Овие мажи не се сериозни, го обожаваат животот и се воодушевуваат од се што можат да искусат, затоа запознавањето на овој тип може да биде комплицирано, но никогаш нема да ви биде здодевно.

Очи со боја на мед

Ова е уште една ретка боја на очи, која може да варира меѓу зелена и кафена, во зависност од светлината, а кај некои и во зависност од расположението. Оваа променливост се поврзува со спонтаност и со забава, а од зелената компонента мажот ја открива својата немирна страна.

Кафената компонента ја прави оваа личност отворена и достапна. Бидете подготвени за авантура, бидејќи оваа боја на очи покажува љубов кон испробувањето нови работи и предизвици.

4 април 2017 - 09:43