Нешто шпанско

Зеленчукова тортиља ()

Рецепт за вкусен омлет со зеленчук на шпански начин.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
1 ч. 5 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 модар патлиџан, излупен и исецкан
  • 1 кромид, ситно исецкан
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 зелена пиперка, исецкана
  • 1 тиквица, излупена и исецкана
  • 2 поголеми домати, излупени и исецкани
  • 1 лажица сецкан свеж магдонос
  • сол и бибер
  • 8 јајца

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете го сецканиот модар патлиџан на плех со една лажица маслиново масло и печете го 15 минути додека да добие кафеава боја.
Загрејте го остатокот од маслото во подлабока тава на рингла на среден оган. Пржете ги кромидот и пиперката околу 10 минути со повремено мешањењ, додека да омекнат. Додадете го печениот модар патлиџан и тиквицата и гответе ги околу 8 минути. Потоа додадете ги доматите и магдоносот, зачинете со сол по вкус и гответе ги уште 3-5 минути.
Изматете ги јајцата со сол и бибер. Потоа истурете ги во тавата врз зеленчукот. Промешајте за да се соедини целата смеса и потоа оставете ги да се запечат. Потоа ставете ја тавата во загреана рерна (повисоко, блиску до грејачот) и печете неколку минути додека јајцата да добијат светло кафеава боја.
Послужете го овој специјалитет топол. На здравје!

5 Октомври 2012 - 07:00