Со месо

Кифлички од лиснато тесто

Вкусни кифлички со пилешко.

Време на подготовка:
45 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
1 ч. 10 мин.

Порции

60 парчиња

Состојки

  • 70гр. лебни трошки
  • 500гр. мелено пилешко месо
  • 2 јајца
  • 1 тиквица, излупена и рендана
  • 1 морков, рендан
  • 1/2 главица кромид, многу ситно сецкан
  • 2 лажици ситно сецкан кориандер
  • 2 лажици сецкан магдонос
  • листови готово лиснато тесто, малку одмрзнато
  • 1 лажица сусам
  • доматен или благ чили сос за сервирање

Подготовка

Во блендер измешајте ги лебните трошки, меленото пилешко и 1 јајце. Префрлете ги во длабок сад и добро измешајте ги со тиквица, морков, кромид, кориандер и магдонос.
Поставете кора лиснато тесто на маса со малку брашно. Пресечете ја кората на малку пошироки ленти. Со лажица намачкајте од приготвената смеса по должина на лентата. Потоа преклопете ги краевите за да ја свиткате во цилиндер.
Со остар нож пресечете го цилиндерот на парчиња од околу 3см.
Редете ги вака приготвените кифлички врз хартија запечење со крајот од превитканото тесто надоле за да не се отворат. Покријте го плехот со фолија и оставете го да се излади 30 минути во фрижидер.
Изматете со вилушка едно јајце. Премачкајте ги кифличките со јајцето и наросете сусам. Печете ги во загреаната рерна 25 минути.
Послужете ги кифличките со макало по избор.

10 мај 2013 - 09:44