Чорби

Пченкарна чорба

Вкусна чорба од пченка и сланина.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 кочани пченка (или замрзната пченка)
  • 50гр. путер
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 2 компири, излупени и изрендани.
  • 2 парчиња сланина, исецкани
  • 2 главици целер, сецкан
  • 2 лажици брашно
  • 1л. пилешка супа од коцка
  • 1 павлака

Подготовка

Сварете 1 литар пилешка супа од коцка.
Изронете ги зрната пченка во еден сад или одмрзнете готова пченка. Растопете го путерот во голема подлабока тава на среден оган. Додадете ги пченката, кромид, компири, сланина и целер и гответе ги 1-2 минути додека да се загреат.
Додадете ја пилешката супа и гответе ја со повремено мешање 5 минути додека да зоврие. Намалете ја јачината на ринглата и гответе ја чорбата 10 минути за малку да се згусне и да се сварат компирите. Додадете ја павлаката и промешајте.
Зачинете ја чорбата со сол и бибер.
Послужете ја веднаш со дополнителен бибер по вкус.

17 мај 2013 - 10:25