Летна закуска

Завиткани краставици

Краставици со фета сирење.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 краставици
  • 180гр. фета сирење
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 1/2 лажица ситно сецкани ореви
  • 6 маслинки без семка, крупно сецкани
  • 1 лажица ситно сецкан копар
  • 1 1/2 лажица павлака
  • лажица сок од лимон
  • 1 чили пиперче, без семки, ситно сецкано
  • Мешана салата за прилог

Подготовка

Со нож за лупење зеленчук тенко исечете ги краставиците на долгнавести ленти. Поставете ги лентите на чинија обложена со хартиена салфета.
Во сад испасирајте го фета сирењето со вилушка. Додадете сецкани ореви, маслинки, копар, павлака и сок од лимон. Продолжете да ја пасирате смесата со вилушката додека да се соединат состојките.
Ставете 1-2 мали лажички од смесата на едниот крај од лентите од краставица. Замотајте ги во ролни.
Исецкајте свежа зелена салата. Поделете ја во чинии за сервирање и поделете ги замотаните краставички. Додадете ситно сецкано луто пиперче. Прелијте ги со маслиново масло и зачинете со сол и бибер по вкус.

20 јуни 2013 - 20:09