Салати

Топла салата

Печени чери домати со растопен кашкавал.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 500гр. чери домати
  • 200гр. мешана зелена салата
  • 240гр. маслинки
  • 1 главица црвен кромид, исецкан на тенки парчиња
  • 60мл. маслиново масло
  • 2 лажици вински оцет
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица ситно сецкан босилек
  • 2 лажици ситно сецкан млад кромид
  • 1 лажица ситно сецкан магдонос
  • 8 парчиња багет леб
  • 1 лажичка путер
  • 400гр. кашкавал исечен на 8 подебели парчиња

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. СТавете ги чери доматите во тавче и печете ги во загреаната рерна околу 10 минути.
Загрејте го тостерот. Премачкајте го багет лебот со малку путер. Печете ги благо притиснати парчињата леб 1 минута. Потоа поставете врз лебот парче кашкавал и печете ги на тостот уште 1 минута за да се растопи кашкавалот.
Оригиналниот рецепт е со сирење бри (го има во сите поголеми маркети). Ова сирење е многу меко и нема потреба да се става на тост. Ако решите да го употребите еднјоставно размачкајте го парчето сирење врз препечениот багет леб.
Во длабока чинија измешајте ја зелената салата со чери доматите, маслинки и кромид. Во чинија измешајте масло, оцет, сенф, магдонос, босилек и сол и бибер по вкус. Додадете го преливот врз салатата и промешајте.
Сервирајте во чинија од приготвената салата. Врз салатата поставете препечен леб со растопен кашкавал. Послужете ја салатата веднаш.
На здравје!

1 јули 2013 - 12:18