Салата со месо

Пилешка салата со суво грозје

Лесен рецепт за вкусна салата од пилешко месо, мешавина на зеленчуци и суво грозје.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 2 парчиња пилешки гради
  • зелена и жолта пиперка
  • неколку листови марула
  • 1 главица кромид
  • сол, бибер и црвен пипер по вкус
  • 2 лажици мајонез
  • 4 лажици суво грозје
  • 200 гр. шампињони
  • 2 лажици магодонос
  • 2 лажици масло

Подготовка

Избришете го пилешкото со хартиена салфета за да се впие влагата. Потоа исечете го на ленти со дебелина од еден прст. Загрејте масло во една тава на среден оган.
Зачинете го пилешкото со сол и бибер по вкус и пржете го околу 15 минути со повремено превртување за да се зготви рамномерно од сите страни.
Кога ќе биде при крај со пржењето додадете ги печурките и кромидот исецкан на тенки кругови. Зачинете со црвен пипер, додадете го сувото грозје и добро промешајте. Одстранете ја тавата од рингла иоставете го месото да се излади.
Во чинија за сервирање ситно исецкајте ги пиперките, исецкајте ја марулата, додадете магдонос и една лажица маслиново масло. Додадете го зготвеното пилешко месо и две лажици мајонез.
Промешајте ја салатата и послужете ја веднаш.

На здравје!

5 септември 2012 - 07:00