Тестенини

Италијанска паста салата

Летна салата која може да биде послужена и како главно јадење.

Време на подготовка:
18 мин.

Време на готвење:
12 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 500 гр. шарени спирални тестенини
  • 300 гр. црни маслинки без семки
  • 150 гр. чери домати
  • 150 гр. феферони
  • 250 гр. моцарела сирење
  • 2 страка целер

Прелив

  • 120 гр. мајонез
  • 60 гр. маслиново масло
  • 60 гр. оцет
  • 80 гр. пармезан, рендан
  • 1 лажичка босилек
  • 1 ½ лажичка оригано
  • 1 лажичка лук мелен
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • ¼ лажичка црвен пипер

Подготовка

Сварете ги тестенините според упатството на ќесата.
Додека се варат тестенините во еден сад измешајте ги добро сите состојки за преливот додека да добиете рамномерна смеса.
Кога ќе се сварат тестенините исцедете ги во цедалка и измијте ги под млаз студена вода.
Во поголем сад измешајте ги тестенините, сецканите маслинки, доматите, фефероните, сирењето и целерот. Потоа додадете го преливот и добро промешајте.
Оставете ја салатата еден час да отстои во фрижидер пред да ја сервирате.

14 јули 2012 - 07:00