Свинско

Свинско со моцарела

Вкусни поленти свински стекови.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 свински стекови
  • моцарела сирење
  • 4 парчиња пршута
  • 4 гранчиња жалфија
  • 400гр. боранија
  • 50гр. путер
  • 1 1/2 лажица маслиново масло
  • 1 1/2 лимон, исцеден сок
  • 1 лажица сецкан магдонос

Подготовка

Засечете ги стековите на половина по должина со тоа што ќе оставите 1см на крајот непресечен. Отворете ги стековите на пресекот. Истолчете ги со дрвен чук. Пресечете ја моцарелата на поситни парчиња. Наредете на половина од стекот моцарела и преклопете го. Завиткајте го со пршута и одозгора ставете гранче жалфија. Повторете ја постапката со останатите стекови.
Сварете ја боранијата во тенџере со зовриена вода 5 минути. Процедете ја од водата и префрлете ја во поголема тава. Додадете 20гр. путер и запржете ја. Префрлете ја во чинија за послужување и зачинете ја со сол и бибер.
Загрејте го тавата на средно силен оган остатокот од путерот. Пржете ги стековите така што жалфијата да дојде одоздола. По 2-3 минути превртете ги да се испржат и од другата страна.
Сервирајте ги во чинии стековите и пропржената боранија.
Вратете го тавчето на оган. Измешајте сок од лимон и магдонос и зачинете со бибер. Кога сосот ќе зоврие прелијте по една лажица врз стековите и боранијата.
На здравје!

10 јуни 2013 - 07:00