Пилешки гради

Полнето пилешко

Пилешки гради полнети со фета сирење.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1кг. компири, излупени и исецкани
  • 4 пилешки гради
  • 100гр. фета сирење
  • рендана кора од 1 лимон
  • 2 лажички мајчина душица, плус уште малку за декорација
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 180мл. кисела павлака
  • 100гр. путер
  • зелена боранија зготвена на пареа, како прилог

Подготовка

Ставете ги компирите во ладна посолена вода и зовријте ги на рингла. Варете ги околу 15 минути додека да омекнат.
Во меѓувреме со остар нож расечете ги пилешките гради по должина за да креирате џебови.
Загрејте ја рерната на 220степени. Во сад измешајте го фета сирењето со кора од лимон, мајчина душица и сецкан лук. Зачинете со сол и бибер. Со оваа смеса наполнете ги пилешките гради.
Загрејте масло во голема тава на силен оган. Пржет ги полнетите пилешки гради по 2 минути од секоја страна додека да добијат златна боја. Потоа спечете ги во рерна 12 минути додека да се зготват. Оставете ги да одстојат 5 минути во тавата пред да ги сервирате.
Процедете ги компирите од водата и испасирајте ги. Вратете ги во тенџерето, додадете павлата и путер и зачинете ги по вкус. Добро измешајте ги да се соединат.
Полнетото пилешко пресечете го на половина. Поделете го пирето во чинии за сервирање. Поставете го пилепкото врз пирето. Додадете боранија готвена на пареа и декорирајте со кришки лимон.
Пријатен апетит!

14 јуни 2013 - 15:05