Зачинети бабури

Пиперки полнети со леќа

Нова варијанта на полнети пиперки.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 црвени бабури
  • 20гр. путер
  • 1 целер, исецкан
  • 1 главица праз, ситно сецкан
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 3 лажички кумин
  • 1 лажичка кориандер
  • 400гр, сварена леќа, процедена од водата
  • 400гр, домати од конзерва (пелати)
  • 1 лажичка мешан зачин (вегета)
  • 3 лажици ситно сецкан магдонос
  • 3 лажички маслиново масло
  • кисело млеко за сервирање

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете тава со хартија за печење. Одсечете ги врвовите на бабурите. Извадете ги семките. Поставете ги бабурите во подготвената тава со отворите нагоре.
Заѐгрејте путер во тава на среден оган. Додадете целер и праз. Гответе ги со мешање 3-5 минути. Додадете лук, кумин и кориандер. Гответе ја смесата 1-2 минути. Потоа додадете леќа, сецкани домати, вегета и 100мл ладна вода. Намалете ја јачината на ринглата и гответе ја смесата околу 10 минути додека да згусне. Тгнете ја тавата од оган.
Додадете магдонос и зачинете со сол и бибер по вкус. Со лажица поделете ја смесата на четири дела и наполнете ги со неа бабурите. Потоа покријте ги полнетите бабури со одсечените врвови и прелијте ги со малку маслиново масло. Печете ги во рерна 45 минути.
Поставете ги полнетите бабури во чинии за сервирање и послужете ги веднаш со лажица кисело млеко.

15 јули 2013 - 07:28