Медитерански специјалитети

Печено пилешко со рузмарин и лук

Како ви звучи сочно пилешко месо кое се топи во устата зачинето со мирисите на медитеранот?

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
1 ч. 20 мин.

Вкупно време:
1 ч. 35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 кг. цело пиле
  • 3 чешниња лук
  • 2 гранчиња свеж рузмарин
  • 1 гранче свежо оригано (или сув зачин)
  • 1 ½ лажица маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка бибер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Кожата на пилето избришете ја со хартиена салфета за да ја исушите. Одстранувањето на влагата придонесува кога ќе се испече ќе биде крцкава.
Ситно исецкајте ги лукот, рузмаринот и ориганото.

Ставете ги во длабок сад, додадете го маслиновото масло, сол и бибер и добро измешајте ги.


Потоа земете чиста врвца и врзете ги батаците на пилето за да го затворите отворот.

Ако имате остаток од свеж рузмарин можете да го ставите во внатрешноста.


Потоа со раце наполнете ја ¾ од мешавината на зачини помеѓу кожата и месото на пилето.

Со остатокот намачкајте го пилето врз кожата. Поставете го пилето во тава за печење.

По желба во тавата додадете зеленчук по желба, зачинет со малку маслиново масло, сол и бибер. Предлагаме компири, моркови и кромид сечени на покрупни парчиња.


Печете го пилето 1 час и 20 минути. По печењето оставете го месото да отстои десетина минути пред да го сечете.

18 јули 2012 - 07:00