Рижото

Ориз со колбаси

Вкусна тава со ориз, колбаси и домати.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 50мл .маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 160гр. ориз
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 450мл. пилешка супа од коцка
  • 800гр. излупени, исецкани домати
  • 250гр. сецкани колбаси
  • 30гр. пармезан, рендан
  • 2 лажици босилек

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Загрејте 2 лажици масло во длабока тава на среден оган. Испржете го кромидот 3-4 минути за да омекне. Додадете ориз и лук. Гответе ги со мешање 2 минути. Потоа додадете ја супата и доматите. Оставете ја смесата да зоврие.
Покријте ја тавата со капак и печете ја во загреаната рерна 30 минути додека да се зготви оризот.
Во меѓувреме загрејте 1 лажица масло тава на среден оган. Пржете ги колбасите околу 10 минути. Префрлете ги во чинија. Исечете ги на парчиња од околу 2см.
Извадете го оризот од рерна. Додадете ги пржените колбаси и пармезан и промешајте. Зачинете со сол и бибер. Послужете го ризотото декорирано со босилек.

26 јули 2013 - 13:21