Гурмански деликатес

Говедско со глазиран кромид и печурки

Вкусен рецепт кога сакате да импресионирате со вашите готварски способности.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
120 мин.

Вкупно време:
2 ч. 20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 50 мл. црвено вино
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица оцет балсамико
  • 500 гр. говедска месо исечено на мали коцки
  • 50 гр. путер
  • 3 главици кромид
  • 2 поголеми моркови, исецкани на кругови
  • 2 чешниња лук ситно исецкани
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 лажица брашно
  • 500 мл. говедска супа од коцка
  • 200 гр. печурки

Подготовка

Загрејте една лажица масло во голема подлабока тава на среден оган. Пржете го месото додека да добие слветло кафеава боја, па извадете го во една чинија.
Додадете половина од путерот во истата тава и испржете една главица ситно сецкан кромид и моркови. Додадете го лукот и една лажица доматно пире и добро промешајте. Потоа во смесата додадете 1 лажица брашно и гответе ја уште 2 минути со постојано мешање.
Вратете го месото во тавата и добро промешајте. Додадете 50 мл. црвено вино и 500 мл. говедска супа од коцка. Намалете ја јачината на ринглата на најслабо, покријте ја тавата со капак и гответе го месото 2 часа.
Додека се готви месото загрејте го остатокот од путерот во тава и во него пржете 2 главици кромид сецкани на покрупно. Кога ќе добие кромидот светло жолта боја намалете ја јачината на ринглата на најтивко и полека гответе го 25 мин. додека да добие светло кафеава боја. Одстранете го кромид од тавата и во неа ставете ги печурките. Зголемете ја малку јачината на ринглата и гответе ги 15 минути. Потоа вратете го кромидот во тавата, додадете оцет балсамико и гответе ги со постојано мешање 1-2 минути.
Послужете го говедското месо со глазираните печурки со кромид и свежа салата по желба.
Пријатен апетит.

14 септември 2012 - 14:26