Месни ролати

Говедски ролат со печурки

Рецептите за месни ролати се многу лесно прилагодливи за сечиј вкус. Можете да употребите месо по желба и секако додатоци за полнење по ваш вкус.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

4-5 лица

Состојки

  • 800 гр. говедско мелено месо
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • црвен пипер
  • 1 чешне лук
  • магдонос

Фил

  • 250 гр. шампињони
  • 2 моркови
  • 1 праз
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • магдонос
  • 1 чаша бело вино
  • презла

Подготовка

Подгответе смеса од меленото месо, јајцата, црвен пипер, сол, бибер, ситно исецкан лук, магдонос и 4 лажици презла. Добро замесете ја и потоа оставете ја да одстои половина час во фрижидер.
Во тава со малку масло, пропржете го ситно исецканиот кромид и праз на среден оган. Кога ќе омекнат додадете исецкани моркови, шампињони, лук и магдонос. Зачинете ги со сол и бибер, додадете една чаша бело вино и динстајте ги околу 15 минути додека да испари течноста. Кога ќе ја тргнете смесата од рингла ако ви изгледа малку течна слободно додадете малку презла.


Месото за ролатот распоредете го на алуминиумска фолија. Внимавајте да не биде премногу тенко за да не ви се распадне ролатот. Врз месото распоредете ја смесата со печурки.

Замотајте го ролатот и ставете го во подлабок плех за печење. Покрај месото ставете компири, кромид и пиперка за прилог.

Посолете ги, капнете малку масло и додадете сосема малку вода. Печете го јадењето 40 во загреана рерна на 200 степени. По 40 минути одвиткајте ја фолијата од ролатот и вратете го плехот во рерна уште 20 минути за да се запече.
Пред служење расечете го ролатот на кружни парчиња.

19 јуни 2012 - 07:00