Брзи колачи

Кокосови колачиња

Вкусен рецепт за љубители на кокос.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

36 парчиња

Состојки

  • 180 гр. путер
  • 180 гр. кафеав шеќер
  • 60 гр. бел шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1 ќесичка пудинг од кокос
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 480 гр. брашно
  • 120 гр. кокос

Прелив

  • 60 гр. путер
  • 30 мл. млеко
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 400 гр. шеќер во прав

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Сварете го пудингот од кокос према упатството на ќесичката. Потоа оставете го на страна малку да се излади.
Изматете ги путерот, белиот и кафеавиот шеќер. Додадете јајца и ванила екстракт и продолжете со матење. Потоа додадете ги пудингот, брашното и прашокот за пециво и мешајте додека да добиете изедначена смеса.
Обложете еден плех со хартија за печење. Со лажица формирајте колачиња врз плехот. Внимавајте да не ви се допира тестото.
Печете ги колачите во загреаната рерна 8-10 минути.
Додека се печат колачите подгответе го преливот. Во еден сад добро изматете ги путерот, млекото, екстрактот од ванила и шеќерот во прав.
Потоа со него премачкајте ги испечените и изладени колачи.
На здравје!

31 август 2012 - 13:30