Овошен десерт

Кајсии и бисквити

Вкусен овошен десерт од кајсии и бисквити.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 200гр. џем од кајсии
  • 150гр. бисквити, искршени
  • 825гр. кајсии, без семка преполовени
  • 550гр. павлака
  • 1 лажичка ванила
  • 100гр. шеќер
  • 50гр. печени бадеми

Подготовка

Изматете ја павлаката со екстракт од ванила.
Ставете го џемот во мало тенџере на слаб оган. Варете го со мешање 3-4 минути додека да се растопи. Ставете ги кајсиите во еден сад. Додадете го џемот и промешајте.
Во чаши за сервирање поделете ги бисквитите. Додадете ги кајсиите врз бисквитите. Потоа додадете од павлаката. Покрите ги чашите и ставете ги во фрижидер 4 часа.
Во меѓувреме обложете еден плех со хартија за печење. Во тенџерче измешајте шеќер и 2 лажици вода. Гответе го на слаб оган со мешање додека да се растопи. Зголемете ја јачината за да зоврие. Потоа без мешање гответе го 10 минути за да добиете карамел. Тргнете го карамелот од оган и додадете печени бадеми. Оваа смеса истурете ја врз приготвениот плех и оставете да се излади и стврдне. Потоа внимателно искршете ја на парчиња.
Парчињата карамел со бадеми додадете ги во чашите со кајсии и бисквити. Послужете го овој десерт веднаш.

12 јули 2013 - 17:04