Јајца Бенедикт

Состојки

  • 4 жолчки од јајца
  • 2 цели јајца
  • 115 грама стопен путер
  • 1 супена лажица лимонов сок
  • 4 парчиња шунка или сланина
  • Неколку земички
  • Исечкан магдонос за гарнирање

Подготовка

Чекор 1: Прво ќе го направиме Холандез сосот со кој ќе го прелиеме јадењето на крајот. Земете ги четирите жолчки и додадете им една супена лажица лимонов сок…

Матете неколку минути за убаво да се измешаат и смесата да нарасне...

Чекор 2: Земете ја истата чинија и ставете ја врз тенџере со зовриена вода… Погрижете се чинијата да не ја допира водата... Полека сипувајте го стопениот путер и мешајте, оставајќи ја топлината од водената пареа да ја загрее чинијата и да го отпочне едноставниот процес на готвење.

Сипете го целиот путер малку по малку. Кога ќе се измеша и спои со другите состојки ќе добиете богат и густ златен сос... Оставете го на страна за сервирањето.

На крајот ставете малку сол и измешајте.

Чекор 3: Следно, ќе ги пошираме јајцата. Поширањето јајца е едноставен процес кој многу лесно може да тргне наопаку. Загрејте малку вода до точка на вриење, но не и да зоврие... Ставете малку сол и оцет - тие ќе помогнат јајцата да се сварат и да останат компактни, а потоа искршете ги двете јајца во водата...

Оставете ги јајцата да се варат во водата околу 5-6 минути додека белките убаво да се сварат. Сакаме жолчките во внатрешноста да останат делумно ровки за кога ќе ги јадеме подоцна...

Кога јајцата ќе се сварат, извадете ги со метална лажица и оставете ги да се исушат на кујнска салфетка.

Чекор 4: Време е за сервирање: Исечете кифличка или земичка на половина и ставете ја на чинија... Ставете неколку парчиња шунка или сланина... И потоа ставете ги и пошираните јајца.

Сега земете црпалка и прелијте ги јајцата со готовиот сос.

На крај гарнирајте ги со магдонос...

СОВЕТ: Јајца Бенедикт е еден од оние рецепти кои сте ги виделе или јаделе во ресторан, но никогаш не сте имале време или не сте знаеле како да ги подготвите дома. Потребно е доста труд... Состојките се навистина едноставни, а резултатот е чудесен.

16 јануари 2014 - 08:00