Офсајд

За 16 години кариера во Јувентус, Џиџи Буфон го опишува чувството како е да се освојат 10 титули (од кои две спорни), што губиш, а што добиваш кога покажуваш верност и во најтешките денови и што значи зборот „ние“. Одличен осврт на легендата по освојувањето на шестото Скудето по ред.

Сакаш да бидеш прв голман на Реал? Ќе мора да имаш рефлекси како мачка и пантер заедно.

Во овие 9 години откако Забалета е во Сити се менуваа претседатели, тренери, управи, играчи, а само тој никогаш не се смени. Остана борец кој играше за „граѓаните“ дури и кога морал да оди на операција на скршениот нос.

Иако со секој негов постигнат гол во медиуми се појавуваа имиња на разни клубови кои се спремни да го ангажираат од следната сезона, сепак македонскиот напаѓач даде изјава со која се обврзува на верност во клубот кој ќе игра во понизок ранг.

Отпатува 610 километри за да ги бодри своите, и рече на новинарката ела ваму да ти дадам интервју и да ти кажам со кој резултат ќе тепа Партизан. Е ова е махер на колото, браво царе.

Со 10 победи и 4 порази кои им донесоа лидерска позиција во групата Б и директен пласман во четвртфинале каде го елиминираа Флензбург, момците на Раул Гонзалес стигнаа до историски Ф4 во Келн. Мечот на 3 јуни против Барселона се ближи. ЕХФ не потсеќа на патот на Вардарци до завршницата.

На 25 мај 2005-та им се случи кошмар во Истанбул кога од готово направија вересија, а две години потоа на 23 мај 2007-ма му возвратија на Ливерпул со два гола на Пипо Инѕаги. По пауза од 3 години, 10 месеци и 12 дена Милан се враќа во Европа, ама во квалификациите за Лига Европа.

По терористичкиот напад во Манчестер Арената синоќа, каде загинаa 22 луѓе а повредени се повеќе 59, финалето на Лига Европа и најважниот меч на Јунајтед сезонава некако е во втор план.

Шпанската полиција утринава започна операција против петмина лица кои се осомничени за перење на пари. Првоосомничен е Сандро Росел кој 4 години беше прв човек на Барселона и за кој сè уште се води судски процес за сомнителниот трансфер на Нејмар.

Додека играчите на Јунајтед ги отпоздравувале навивачите во последниот домашен меч сезонава, Мурињо отишол во прес-салата каде имало неколку новинари.

За Филип Лам играта во одбрана дефинитивно е уметност. Тоа го докажа сам низ годините во Баерн и репрезентацијата на Германија каде сигурно тешко дека ќе се најде идентична замена. Вакви чисти и елегантни интервенции се реткост во фудбалот. Браво царе, можеше уште да тераш, не се многу 33 години.