Букбокс

Деновиве во Екатимерини наидовме на сосема краток некролог-информација дека во Атина на 74 години умрел извесен Алексис Мардас, опишан како „еден од најнеобичните ликови“ кои орбитирале околу Битлси. Откачен Грк кој му бил инспирација на Ленон? Ова моравме да го провериме.

За празнициве со задоволство исчитавме нова книга на македонски автор. Четвртиот роман на Сашо Кокаланов, еден од авторите на сатиричната „Коза ностра“ и на серијата „Преспав“, чиј главен лик е неуспешен новинар кој менува професија во - детектив.

Откако Трамп едвај состави листа на музичари кои би настапиле на неговата инагурација, сега се соочува со закани за генерален штрајк. И дел од културните работници се придружуваат на идејата. Но дали е ова навистина промовирање отпор или позерство?

Книгата која ја влечкав со себе на летување и на сите можни патувања од тогаш, со нејзините (скоро) 600 страници oколу празниците веќе ми стежна на совеста. А грижата на совест за непрочитана книга понекогаш е поголема од онаа за непочната диета. Сепак, едното не го исклучува другото - кога ќе ја земете оваа в раце, често ќе заборавате и да јадете.

Насловот не е метафоричен, се работи за нова студија на буквалното меѓусебно јадење на припадници на еден ист животински вид. Вклучително и нашиот.

Седум години подоцна и 10 пати над предвидениот буџет, салата на Елбфилхармонија е завршена. Современа европска градба без преседан кога станува збор за амбицијата и потрошените пари - 789 милиони евра - таа сега е предмет на проучување и восхит. А за авторите, знак дека сепак успеале да си го надживеат делото кое се заканувало дека ќе ги убие.

Пред неколку дена излезе книга посветена на вистинска приказна за најпознатата жена-детектив од Њујорк од 1917. Сто години по нејзиниот најпознат случај, авторот Брад Рика потсетува на оваа прониклива и храбра жена, првата регионална јавна обвинителка на САД.

Од невини престапи како да каснеш падобранец сред диета, до поголеми кои вклучуваат измами, секс или пари. Најчесто им одолеваме, особено на поголемите. Но кој е подобра личност: оној кој постапува морално додека е искушуван, или оној кој никогаш не доаѓа во таква ситуација?

Едно време ревносно се бележеа и цитираа последните изговорени зборови на големите умови. Од нашата епоха ќе останат еден куп последни СМС-и и пораки на чет. Токму ним им е посветена нова книга.

Кога добитникот на Пулицер, писателот Мајкл Канингем, добил повик од некој кој се претставил како Дејвид Боуви, мислел дека е зафрканција. Не знаел дека тоа е моментот кога ќе започне едногодишна соработка на мјузикл, кој вклучува вонземјани, маријачи и измислени необјавени песни на Боб Дилан. Еве ја неговата приказна.

Како што обично бива, откако ќе се испукаат листите на наградените почнуваат анализите - зошто добил оној а не овој, кој како бил облечен, кој водител бил најсмешен, кој воопшто не се појавил. Но како ретко кога до сега, анализирани се политичките пораки на настанот, кој е изгледа само вовед во истата таква ангажираност на Оскарите.