Бавчи

Јана / Штикли на калдрма

Ајде да замислиме дека не е ова држава. Ова е куќа. Голема куќа, што бара многу одржавање, ама ти можеш да си го дозволиш тоа. Си ја добил во наследство, има многу убав двор, фалат некои поправки, по некој мајстор да дојде да закрпи нешто, али генерално функционира.

Стварно, да не може да ви удоволи човек. Мислам, сфаќам јас дека ова е горчливо време, со гејзери од фрустрации, препознаени и непрепознаени, сфаќам и дека сме Македонци, ама дај, да олабавиме малце.

Бебиња се супер. Слатки, нерасипани човечки суштества, што прават смешни фаци и звуци и те тераат со саати да ги гледаш како спијат, ако ти се дома. Возбудлива е и помислата некад да имаш човече како тебе, од тебе. Ама, не мораме баш сите.

Дејан / Бавча Вистинска

Јавното зеленило по градовите сè повеќе ќе биде предмет за дебата. Има неколку причини за тоа. Барем една е добра. Мое мислење е дека повеќето не се. Дозволете да ви образложам. (Ќе правам кратки осврти и на приватното зеленило). Посебно ќе се осврнам на потребата од дозвола за сечење.

Без сомнение, некои работи што ги среќаваме додека шетаме низ природа се многу таинствени. Предизвикуваат и некои од најсилните чувства кај нас. Има луѓе кои имаат разни фобии од нив и се плашат и да погледнат во нив, други кои се поофанзивни и ги ништат кај и да ги сретнат, трети кои со сласт шират приказни за нив без никаква основа, но и такви кои ги гледаат само преку некаква корист. Јас лично не сум во ниедна група.

Втора најчеста причина поради која ме ангажираат муштериите е плевење. Веднаш да кажам, не го сакам ич. Но, и тоа мора некој да го прави. Уште потешко и од самото плевење ми паѓа кога гледам дека некаде трудот е бесмислен бидејќи не се прават работите до крај. Ако не се покрие голата земја со некој мулч, џабе плевењето.

Новогодишните и божиќните празници се на праг (во поголемиот дел од светот редоследот им е обратен). Едно од нивните најпрепознатливи обележја е елката. Иако главно се користи како украс за домот, има ли нешто поврзано со неа за што би требало да размислиме подлабоко? На пример, како стои од еколошка гледна точка? Што со елките после празниците?

Декември е. Започнаа најдобрите месеци за кроење. Можеби чудно за некого, можеби ново, но со кроењето би требало да завршиме ПРЕД почетокот на пролетта. Не се приспособува природата на нас; ние треба на неа. Но, како се крои? И, зошто воопшто да кроиме? Оваа статија ќе биде за кроењето грмушки.

Подолго време сакав да напишам нешто на оваа тема. Бидејќи зимата дојде (речиси) и, како и секоја година со неа и аерозагадувањето, решив тој текст да биде сега. Една друга важна причина е тоа што ме мачи недостатокот на морал, визија и идеали во поглед на заедничкото живеење. Мислам дека осврт на историјата на човечкото живеење во населби, и како тоа се одразило на екологијата може да биде корисно за сите нас (а ќе се освежам и самиот).

Дали понекогаш кроиш дрвца? Можеби имаш и поголеми дрва во двор. Ако е така, и ако сакаш да го правиш тоа квалитетно и за доброто на дрвото, сигурно ќе те интересира како исправно се сече гранка. Што? Имало „исправно и прогрешно“? Замисли!.. Дури и во 21.век, кога се игнорираат нормите на секое поле и сè се сведува на релативно (права, слободи), се уште може да ни бидат од корист норми... ако се потрудиме да ги разбереме и примениме во пракса.

Во природата постојат три вида организми – „производители“ (зелените растенија и микроорганизми што прават храна и воздух за сите од извесни ограничени ресурси), „потрошувачи“ (ние и други што го јадеме и дишиме тоа) и „разградувачи“ (разни микроорганизми кои разградуваат мртви тела и нивни делови и ги враќаат ресурсите назад, за произвoдителите да имаат материјал за „производство“). Компостирањето е правење услови за разградувачите а, логично, ни носи ќар и на нас.

Некогаш кога нашите племиња доаѓале наваму (без разлика кој кое племе и да бил), сè било зелено и под гооолема шума со гооолеми дрвја (ќе ви објаснам во некој друг текст зошто сум толку сигурен во ова). Ако сега се качиш на Водно или на Скопска Црна Гора и ја погледнеш Скопската Котлина (важи и за сите други градови) ќе видиш само остатоци од тоа зеленило, а посебно ретки се дрвјата. Изгледа дека сме „војувале“ долго и „крваво“ со шумата која сме ја затекле... Кои методи и тактики се докажале најуспешни? Каков е исходот од „војната“ досега?

Се случува додека некаде шишам жива ограда, некој минувач да ми пристапи и да ме праша од каде ми се ножиците со кои работам. Се гледа восхит во неговите очи. Моите ножици сечат беспрекорно веќе 8 години. Се гледа дека не се нови и дека се „убиени“ од работа. И неговите некогаш сечеле... кога биле нови. Но, по некое време, обично по некој месец или година, веќе се за во канта. Не сечат. Како веќе и да се заʼрѓани.

Сандра - Персона нон града

31 декември 2016. Македонска реалност. Празни плоштади. Парастас за 2016. Аце качен на коњ ќе слави Нова година сам како утка. Грујо е тажен. Заев трие раце. А јас, ти и тој, пак не разбравме дека немаме сè што ни е потребно иако ринтаме како коњи. Пак не сфативме дека немаме здрав разум а ниту два животи, за да ги пуштиме да нè водат во непознато оние кои ги гласавме, небаре сме пуштени во трка во барање на Покемони, а не живот достоен.

Предизборно, морав да се пролигавам на тема социјализам и Југославија и да прашам, што ви е бе форава што им ги носите на децава ранците до влез во училница?

Болест тешка му ја одземала раката. Му ја одземала и ногата. А јас се одземав барајќи спас за дете кое не го познавам во обид да му најдам работа. Сега и овде, срам ми е да прашам после толку споделувања по мреживе, дали можеби Марио ја зема првата плата чесно заработена. 

Има такви жени што се предодредени за себежртвување. Жени што мислат дека цел живот некому и нешто должат. Жени што се родени за ништо друго освен да бидат мајки. Мајки и само мајки.

Отец Пимен - Патувајќи

Прочитав некаде дека ниедно чувство не ги прави луѓето помалку наклонети кон кршење на законите од стравот. Оттука, си поставувам прашање... Ако стравот ни помага да се одржиме во живот, зарем е живот тоа нонстоп во страв да се живее? 

Деновиве сам себе се прашувам...

Јас ли се сменив, или само секој си ги покажа своите рогови?

Политика ли е ако напишам текст за тоа?