72 години од ослободувањето на Аушвиц

Првиот чекор во Аушвиц

Утрото на 27 јануари 1945 тенковите на Црвената армија стигнуваат пред Аушвиц. Пред тенковите испречени се само портите на логорот. Чуварите претходно се избегани откако слушаат за напредокот на Советите. Еден од тенковите ги соборува портите и влегува во Аушвиц, по него и остатокот од колоната. Николај Политанов е еден од првите војници на Црвената армија што стапнуваат во Аушвиц.

Политанов, следејќи ја руската традиција на беспрекорно доловување очај и безнадежност, во својот извештај пишува:

„...Самиот камп изгледаше како несредена кланица. Жестока смрдеа висеше во воздухот... Колку подалеку влегувавме, толку посилна стануваше миризбата на изгорено месо, а на нас од небесата паѓаше валкан црн пепел, помрачувајќи го снегот... Неброени истоштени, умизерени фигури со стуткани лица и ќелави глави стоеа надвор пред бараките. Не знаеа дека доаѓаме. Многумина се онесвестија од изненаденост. Слика што ќе го натажи секој што би ја видел. Мизеријата беше ужасна. Печките сè уште беа врели, а некои сè уште беа жестоко распламтени кога им се приближивме... Стоевме во круг, сите молчевме. Од бараките почнаа да се појавуваат сè повеќе и повеќе гладни деца, сведени на костури и обвиткани во крпи. Како мравки тие се собираа во големи групи, галамејќи како да се во школски двор. Со испружени раце, тие чекаа, молеа и врескаа за леб. Плачеа од очај и ги бришеа своите солзи... Само смрт постоеше тука. И мирисаше на неа...“

Целиот текст (на германски) тука

На една од необјасниво ѕверските слики од Аушвиц, советските војници се фотографирани како откриваат пакети со човечка коса:

 

27 јануари 2017 - 11:39