Македонските Guardians of the Galaxy

На 31. јули во киното Cineplexx ќе биде премиерно прикажан најновиот спектакл на Disney и Marvel, "Guardians of the Galaxy"

Македонските артисти од ФХ3Х дел од уште еден спектакл на Marvel како дел од тимот на Method Studious. На Guardians of the Galaxy се работеше во мај 2014 година и на него работеа 31 артист.

Содржината се движи околу создавањето на тимот "Guardians of the Galaxy" кој треба да го спаси светот од негативецот Ronan the Accuser.

Режисер на филмот е James Gunn, а ѕвездите во филмот се Chris Pratt,кој го игра ликот на Peter Quill, крадецот на куглата по кој негативецот Ронан покренува потрага, Vin Diesel кој го позајмува гласот за ликот Groot, вонземјанин кој наликува на дрво, и Bradley Cooper кој го позајмува гласот на Rocket, платеник со одлично владеење на оружјето и војните тактики, без оглед на фактото што е генетски модификуван, кибернетички зајакнат ракун што зборува.

На врвот на сево ова, деликатеса од Marvel : http://www.thegalaxygetaways.com/en_us/
'Guardians of the Galaxy' : интергалактички патувачки сајт за потполно доживување на Универзумот во кој што се одвива дејството од филмот. Откако ќе го кликнете сајтот од вашиот телефон, ќе ве праша дали може да ја користи вашата локација и ако му дозволите, вселенски брод доаѓа да ве земе и бирате на која планета можете да отпатувате, Morag, Xandar или Knowhere. Секоја од планетите можете да ја истражувате со користење на "Street View" и добивате временска прогноза за денот, и потоа можете да прочитате што се условите за престој на планетата, кои вакцини се бараат и слично.

За оние кои ќе го отворат сајтот од компјутер, само воведното видео е вредно за времето кое ќе го потрошите, и многу добар вовед во филмот.

комерцијален текст

29 јули 2014 - 16:59