сајт на денот

Жаргон точка мк

Наместо уште еден од илјадниците истоветни - шокантно, ексклузивно, нема да ви се верува - портали и нивната убиствена уредувачка шема (дневно политикантство, естрада, хороскоп, црна хроника, лекови што лечат рак за 7 минути)  еве еден сајт кој најзад се занимава со нормална тема. Анонимни корисници полнат македонски речник со сленг, жаргони, фрази. И има факинг брилијантни термини и објаснувања. Па браво, па најбраво.

Кур
Тоа ти е македонска негација со 3 букви.
Плати сметка за струја бе? - Кур платив.

Жими куров
Израз на недоверба, неверување, несогласување
- Ќе биде боље пеер. - Жими куров ќе биде боље.

Китач
Човек што многу замара
Не биди таков отров, ми ги накити од сабајле. Тежок китач си.

Пицнување
Секси дотерување (не вулгарно) со цел кога ќе излезеш од дома да мислиш дека сите гледаат во тебе.
Искачаме вечер?- Да да, со пицнување со све!

Да ги однесам децата у школо
Извинување упатено кон присутните непосредно пред заминување поради вршење голема нужда.
Чекај, само да ги однесам децата у школо.

Педерлук
Опис на ситуација во која еден човек замара повеќе луѓе да искачаат у град со него за да ќари цура и после нигде го нема.
Значи секој ден со него искачав, ја ќари малата и сеа нигде го нема.. Значи класичен педерлук!

Дрндупки
Терминот што баба ми го користи кога сака да каже дека некој си го игра курот со некого.
Си игра дрндупки со мене.

Дремка
(1) Попладневно спиење коешто не трае повеќе од 2 часа. (2) Опис на досаден настан, личност, појава или суштество.
Ајде бе дојдете на Пиволенд, не бидете дремка.

Мастраф
битолски сленг за марихуана
Ме фати мерак за мастраф.

Aј па те барам
Глаголска форма во идно неопределено време, со кое на соговорникот му се става до знаење дека во скоро време нема да биде предмет на телефонски повик
Слушај, брзам, ај па те барам да се видиме

Ќе рикаш к'о Магарица
Душевна, физичка или друг вид болка којашто најчесто следи по сексуален акт и чијшто тек е проследен со размачкана маскара, солзи и оштетени моторни умеења и способности.
Не ти препорачувам да те скине Галензо, ти кажувам, ќе рикаш к'o Магарица...

Бооооо
Единица мерка за количина на глупост (битолски).
Боооо глуп чоек.

Каучерица
Силна трева (марихуана) која те лепи за кауч.
Добра е, али каучерица

Фацата твоја!
Импулсивен одговор при напната дискусија.
Фацата! Да ти ебам фацата. Фацата твоја.

Збившување
Раскин на љубовната врска (станувате бивши)
Со неа? Се збившивме

Лаком г'з трагедија
Фраза која се обидува концизно да ги посочи последиците од прекумерното посакување и алчноста. Користена во основно.

Чукнување
Акт на машка мастурбација под туш непосредно пред секс, со цел истиот да рае подолго од вообичаено.
Брб пер, идам да го чукнам еднаш ќе дое малава.

Бонсек
Тап и тврдоглав човек
Он е класичен бонсек.

Сајтот ви е тука

П.С. Добронамерен совет до админите: Без модерација, сајтот наскоро ќе го окупира сељачаана.

23 февруари 2016 - 16:10