Симбиозата на Бехар и Дамјан

Се викаат Бехар Весели и Дамјан Темков. Предаваат во средното музичко училиште, едниот на одделенијата на албански јазик а другиот на учениците на македонски јазик. Не, ова не е една од оние изнасилени приказни за лапање грантче. Ова е за стварно.

Бехар и Дамјан се најдобри другари. Долго време заедно пијат кафе на скали за време на одморите, и си мислат како да го сменат светот.

Формираат заеднички хор со симболично име „Симбиоза“, во кој членуваат млади од различни националности. Праваат комбинации на песни според музичките елементи или ритамот, на пример македонската Параходот и албанската Na leu dielli. Имаат и грчко-турска песна, српско-хрватско-босанска песна, хебрејско-арапска.

Веруваат во онаа дека кој (заедно) пее, зло не мисли.

Еве ги:

Параходот/Na Leu Dielli

Еврејско-арапската комбинација:

Hava Nagila/Wayn aa Ramallah/Eretz Zavat Chalav

 

22 декември 2016 - 16:05