Дарко Митревски:

Што е за мене ГТЦ?

И кога денес ќе помислам што е за мене ГТЦ, сфаќам дека тоа е мојот живот и сето она убаво, чисто, паметно и светско збрано во него.

За мене ГТЦ е брод. Додуша, не само за мене туку за сите нас, ама многумина од нас не го знаат тоа. Тоа дека ГТЦ е брод го дознав лично од устата на неговиот архитект, сега покојниот Живко Поповски, покрај чија фамилија поминав добар дел од младоста. Погледнете го овој објект одозгора и ќе го видите истото она што го гледал и неговиот автор додека го осмислувал: на врвот има оџаци, од страните неколку рампи за качување на патниците, над нив блескаат палуби за сончање и шетање, а низ внатрешниот дел се простираат низа кабини, по должина поврзани со ходници, а по височина со ескалатори што водат од едно до друго ниво на коработ што плови по копното паралелно со реката Вардар, превезувајќи ги луѓето од ранетите остатоци на некогашното скопско Јени Маало (тур. ново) кон градскиот плоштад, срцето на современо Скопје (поминувајќи на тој начин не морски милји, ами цели векови - од времињата во кои Скопје било турска касаба до времињата во кои сакаше да стане модерен град)

******************

Во празните ходници на тој наш градски џин ја поминав и мојата последна скопска полноќ пред да се иселам од мојот роден град (и како по некоја чудна коинциденција налетав на чичко Мане, филмаџија со кого ги правев моите први професионални чекори: „Што правиш, бе, Даре?", праша тој. „Еве бе, Мане... си одам!", му реков јас.).

И кога денес ќе помислам што е за мене ГТЦ, сфаќам дека тоа е мојот живот и сето она убаво, чисто, паметно и светско збрано во него.

*******************
Целата колумна ја имате во Нова Македонија

25 април 2015 - 13:19