Реакции:

Нит макарон е педер, нит сол е лезбејка, копој вепе епебепе!

Све истрпев, за на крај да го зададете завршниот удар: Сол макарон значело „Ја сум педер“. Е не може!

Повод: Јебеш каменот од Розета: Откривање на тајната на „Сол, макарон“

Значи ми ги сменивте имињата на сите улици на кои ко дете кинев тренерки и лижев гринго - не писнав.

Ми кренавте три згради на трите квадрати кај што играв народна - не зуцнав.

Ми ги искорнавте клупите кај што везев гоблени по домаќинство за да насадите катни гаражи - си поќутев.

Ми го тргнавте Чичко Стоилко, не може човек више на раат ни салмонела да фати - си мрчев тивко по дома.

Тротоарот кај што се бацуев со Томе од осмо три ми го покривте со црква, а патот до играорна више не можам да си го препознаам, пошто низ Скопје се губам ко да сум во Техеран.

Ми го сјебавте Алан Форд, стриповите и книгите ги направивте аут, уште малце ќе почнете Миле Китич да ми го ставате по учебници.

Сите можни херои освен Сандокан ми ги направивте или женско, или педер, или женет, чекам кај и да е за Брус Ли да ми ископате дека бил трансвестит.

Ми го ебавте поимот „позади зграда“, пошто сега на тоа „позади“ стојат две други згради - и си ќутам ко робиња Изаура, човече.

Ме убедувате дека ХААРП-от нè убива, дека кемтрејлсите нè отупуваат, дека сега во петок иде крајот на светот (или бар само Исус) и дека од клучно значење е кој ѝ е во исто време дечко, мајка и втор братучед на Ајше од „Црна роза“.

Значи све тоа истрпев, за на крај да го зададете завршниот удар: Сол макарон значело „Ја сум педер“. Тоа било еврејска песна од 15 век, за Евреи што бегајќи стигнале до Скопје. Цитирам: Soy maricon, soy Ferrando (Јас сум педер, ја сум Ферандо), Maricon, maricon (Педер, педер)...

Е не може!

Нит макарон е педер, нит сол е лезбејка! Сол макарон си е сол макарон и служи само за да кажуеш нешто додека го маваш оној до тебе и док чекаш да видиш на кого ќе му се падне она елиминирачкото „мааа-ваш ти!“. Па не може бе во сè да барате значења. Така и „компанија, месо, боранија“ може да го сумњаме како ПР на капиталистичката индустрија, пошто во земјата во која таа игра се играше не ни постоеја компании, туку постоеја ОЗТ-а. Ама па не иде да викаш „озт, месо, боранија“. Така ли е, другари и другарки? Така е.

А бе све ова што го праите е некое масло уште еднаш да му се одмаздите на Тито и на детството што он ни го даде. И не е случајно што оваа теорија на заговор ја изнесува извесен Милан, наводно „von Makedonien“, но очигледно поврзан со германскиот окупатор! (Море, само Бата Живоиновиќ за него!)

Башка, ако уопште признаеме дека ова е игра од еврејски бегалци, тогаш барам реципроцитет: дека долга магарица е македонска игра. Пошто, како што пишуваше еден мој драг колумнист: да бидеш натртен и да чекаш некој да те јавне, може ли на помакедонски начин да те спремат за животот што те чека?

А бе, копој вепе епебепе!

Ружица Пејовиќ,
млада партизанка

28 септември 2016 - 13:52