Тихо:

Епа, доста беше

Ако Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Бучковски, Заев, Јанакиески или кој било политичар не ожнее што посеал, која е пораката? Дека грабежите и местенките се надмината работа? Што ќе биде следното ако ова не се казнува, политичарите може да прејдат на педофилија или канибализам? Или и за тоа ќе им дадат имунитет?

Јас немам против на избори да победи било која од двете партии, вмро или есдеес, иако не ми се по волја, ни едните ни другите. Ама имам против лајна-криминалци и политичари од која било партија да бидат амнестирани од судско гонење.

Тоа ќе ја спасело државата? Тоа е како да кажеш дека ако се зацапаш во катран, од тоа ќе се исчистиш и ќе станеш бел како снег.

Изборите се едно, правната држава е друго. На изборите нека победи кој сака, ама тоа не смее да амнестира никого... и вмро да победи, правдата за нивните функционери што се заборавија во својата ароганција и тогаш ќе треба да се спроведе до крај. Знам дека и во вмро има и нормални луѓе, домаќини, и дека и тие беа згадени од чуеното за нивната „елита". Ако Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Бучковски, Заев, Јанакиески или кој било политичар не ожнее што посеал, која е пораката? Дека грабежите и местенките се надмината работа?

Што ќе биде следното ако ова не се казнува, политичарите може да прејдат на педофилија или канибализам? Или и за тоа ќе им дадат имунитет? И порано пишував дека политичките елити од сдсм и вмро се во таен сојуз и имаат договор (ни пржински, ни охридски, туку некој таен и премолчен) да си се штитат и да се чуваат, и да си се нафатираат за десет генерации и ич да не им чуе. Тие не се ни левица ни десница, туку лајница. Во РМ, сè уште, ниту еден битен политичар не заглавил затвор. А зулуми и зулумќари имаше колку ти душа сака, особено од независноста наваму. Иванов го прави тоа што го прави зашто тие му донесоа два мандата, инаку кој би гласал за таков „харизматичен" и мудар човек како него? И тој е уценет, како и сите државни службеници што се вработени преку партија, а таквите го изгласаа за претседател. Тие и нивните роднини од кои вработениот преку партија бара да гласаат за кутриот да си ја исполни квотата. А ова е политика што ја научија и усовршија од сдс.

Да не кажав нови и непознати работи? Не верувам. Мислам дека нема човек (со трошка памет) во Македонија кој не ги знае овие работи. Епа, доста беше. Доста е!

Тихомир
(неговите бавчи се овде)

13 април 2016 - 14:40