Двобој на бугарски начин

Отворањето на бугарските државни архиви од времето на комунизмот откри еден интересен пример за спремноста на тамошните армиски офицери.

Инцидентот се случил во 1971 година, кога еден генерал го навредил својот колега маршал нарекувајќи го 'социјалист'. Овој го предизвикал на двобој, предизвикот бил прифатен и двајцата високи воени лица приредиле класичен двобој.

Се оддалечиле 25 чекори еден од друг и ги потегнале пиштолите.

Генералот и маршалот пукале, ги празнеле пиштолите и ги дополнувале но ниеден од нив не успеал ни да го изгребе противникот.

Потрошиле точно по 37 куршуми. Сите утка.

Потоа, според документите, се смириле.

11 јануари 2017 - 11:21