Почитуван Сашо...
Ова е тоа, крајот на првата сезона од моите мемоари. “ Year One” – done!
Како што ја пуштија епизодата на “365“ така седнав и за прв пат ги прочитав сите епизоди од прва до задња. И да ти кажам искрено, мислам дека како целина е ОКеј, но дефинитивно му треба сериозно добар лектор кој нема да ми се меша во сленгот, во србизмите и во кованиците... А курац, нема везе – вози, вози као викенд роман ако ништо друго!
Ако нешто ми е драго во оваа авантура на анонимно објавување на мемоариве каде морам да се кријам од многу мои блиски и драги луѓе, и тоа до крајот на животот, тоа е дека сепак после точно 19 години ги објавив пишанките и дешаванките кои беа првично инспирирани од текстовите во писмата кои никогаш не ги пратив дома (и тоа до мање-више истите тие од кои “се кријам“).
После осум години во Америка, во 2005та го пратив првото и единствено (многу долго) писмо до дома. Го пратив до двајца другари у Скопје и тоа во состојба на супер-hardcore пијанство (од New York). Уште тогаш ми кажаа дека еден ден морам да го објавам текстот како расказ зошто им било “ептен ко што треба“.
Десет години подоцна, во момент на слабост и за време на чувство на апсолутна животна нереализираност, во период кога едни други двајца пријатели почнаа да ја работат 365.com.mk, некако ми се случи да си се вратам на минатото и да си прочитам сегменти од она што сега се вика “Сеќавања на Америка“. Седнав пред компјутеров, почнав да ги препишувам и да ги редактирам текстовите, а брзо потоа собрав муда и почнав да ги објавувам.
Ептен ми е ќеиф што, случајем околности, и ти ги откри текстовите. И ти благодарам што ги објавуваше и кај тебе на оффнет, ти благодарам на тој комплимент! Ми значи толку многу што само дополнително ме охрабрува да продолжам со втора сезона сега од Октомври. Сепак, бев во Америка скоро цели 10 години и првата година е мачји кашаљ во споредба со сé друго што ми се изнадешава во годините кои следуваа.
Гордо ти го праќам последното поглавје од прва сезона. Знам дека доцнам ама и јас бев некаде летово. (каснам како Трендо од Хрватска... или каде и да си си го прчел) :)
Топло те поздравувам и биди ми добар.
Со почит,
“Dick“
*************