Блуперсите на "Преспав"

"Продуцентот и екипата на Преспав, на off.net и неговите читатели им посакуваат сè најдобро во новата година".

Телевизиската серија Преспав уште во првата сезона успеа да го постигне тоа што го посакуваше: да постави стандарди во жанрот од кој свашта се изнагледавме во овие транзициски години и да ја подигне рампата за да не може толку лесно баш секој фушерај да ни се подметнува како македонски ситком.

Ова се офф сцените кои не влегоа во серијата.

ОХО стојат и зад други интересни проекти од кои најпознат е 5+ Фамилија. Дури и да ги тргнеме настрана сите други елементи кои ги држат нашите деца заковани пред телевизор кога оди Петко, на таа екипа треба да им се симне капа и само поради песните и култивираниот вкус при изборот на музички преработки. Во време на заглупувачка аудио агресија, бескрајно драгоцено е на нашите најмали во уши да им влезат и тоновите на Чудна шума, Беззаби баби, Лина, Љубен си, Како какао и други нормални песни.

Со нив годинава заедно работевме на проектот externo.mk кој го истеравме со граѓански ќеиф и професионална страст.

Трендоленд им посакува уште многу Петковци, уште подобра втора сезона на Преспав и други возбудливи проекти, да продолжат да ги дигаат рампите и да се тркаат,  макар со самите себе. Затоа што и самите веруваме дека колку и да изгледа песочна нашата македонска реалност, овде сепак можат да се остават траги од некаков културен и цивилизиран живот. 

29 декември 2016 - 23:16