Медиумски нерегулиран времеплов

Едно другарче копало по стари весници во библиотека и налетал на парче во кое се зборува за исчезнувањето на една телевизиска емисија од етерот. Не беа тоа пилот емисии, не беше завршен буџетот за проектот, просто, високите ТВ началства немаа баш стомак за такви содржини. Од слични причини, истата емисија подоцна исчезна и од една друга национална телевизија. И тек кога ќе видиш во што денес е претворен тој тв етер, сфаќаш колку ваквиот епилог всушност бил хепиенд.

Весник Вечер - 13.10.1998

Скромен дел од Балкан/Валкан Експрес имате овде. Има уште куп материјали по касети и цедеа ама кој да буричка.

17 февруари 2016 - 13:54