Го имаме победникот во информативната трка

Нам ни е лесно, кога има нешто важно, ве линкаме до сите вести (фала богу за агрегаторите) па читајте колку ви треба, туку оние медиуми што бркаат актуелности во Македонија навистина се во постојана трка кој ќе успее да објави прв некоја важна вест. По една од бомбите на Заев, убедливо најбрзо беше нашето милениче Саше кој не само што фантастично ја потепа конкуренцијата во брзина туку беше и фантастично информативен.

Само неколку минути по објавување на една од бомбите:

Сакал он прв да каже нешто:
Сакал он прв да каже нешто:

Како што гледате, во таа брзина пред сите останати медиуми да го обелодени криминалот, Саше успеал не само да го искористи целиот свој богат вокабулар туку и во објавената статија професионално да ги одвои информациите од неговите ставови и анализи. Ретките злобници имаат поинакво објаснување за ваквиот стил:

Што останува од него ако ги извади пцовките:
Што останува од него ако ги извади пцовките:

За жал, остатокот од веста не можеме да ви ја пренесеме бидејќи за тоа треба да се плати но не се сомневаме дека целата статија продолжува во истиот бескомпромисен стил и артикулираност.  А опцијата за плаќање е многу поволна бидејќи за мали пари можете да имате комплетен увид во сите слично корисни ставови на овој автор како и во сè она што тој го поџапал од други сајтови.

28 февруари 2015 - 18:09