Македонштина

Багра фушерска

Илустрација од македонскиот учебник по Природни науки за шесто одделение.

Македонскиот јазик е неуништлив

Како и секој мал јазик, македонскиот се наоѓа на ветрометина на разни удари. Копиљациве зборат на оној хибриден македонски/англиски како што некогаш зборуваа само нашите гастарбајтери па им се ругавме, сè помал е интересот за проучување на јазикот (прашајте на Филилошки), на Бугарине никако да им пројде меракот... Наспроти сето тоа, јазикот ни е жив и секогаш при јазик. Само треба да се создаде ситуација која ќе го оживее.

634

Брзо по објавување на дечкото кој успеал да го добие бројот на МВР за закажување термин за лични испреви после само 532 вртења, стигна легитимно оспорување на рекордот. Поштено ги објавуваме доказите и за оваа телефонска голгота. 634! Трката е отворена. Победникот од нас добива плескавица во кајмак во Предејане, ама дури откако ќе набавиме пасош (а да знаете, до нигде не сме).  

532

Вака изгледа вртење во МВР за да се добие термин за вадење лични документи. После само 532 вртења, дечкото добил! И пак се буните, бе, шо народ ќе бевте....

ЧетМКД: Јас сум влезен кај Александар Македонски

Да замислиме дека Македонија и нејзините патриотски ИТ таленти успеале да развијат автохтон модел на вештачка интелигенција, некаков ОпенМК или ЧетМКД, специјално вежбан на домашна пара-литература и митови, со намера денес потклекнатиот Македонец да го вдахновува со неговото славно, исконско и херојско минато и да му дава чувство дека што поназад се враќа, така посилен станува.

Ај па и ректален преглед да си дочекаме

Еден real-life Тошо Малерот, јак и самоуверен дека ја надитрил преспанската капитулација на Македонија па навреме, уште пред две години,  ги сменил со Северна сите потребни документи за излез од државата. „Знаев јас дека ова ќе се деси“ вика тој и заминува во Грција преку Богородица. Не стигна далеку. 

Криво насадена држава

Здраво Трендо,

Повели документот што треба да се пополни за да се добие патен лист од амбасадата во Виена. "Мобилизацијата" на ниво, јазиците (и македонски, и албански, и германски, и интерпукциски знаци..) на ниво, принтерот на друго ниво, безобзирноста, сепак, под секое ниво.

Поздрави од Виена.