На чекор сме од "Мис лопата"

Прашања од здравиот разум:

- Кој смислил вака генијално име?

- Како ќе се чувствува победничката? За некоја година: "Јас сум била Мис БАВЧА а ти ме тераш ручек да ти правам???"

- Како ќе се чувствуваат оние кои НЕ успеале ни на "Мис бавча"?

- Погледнете ги оние силни спонзори. Бовин, Орифлејм.... Сите мора да имаат некој што им се бави со маркетинг. И е убеден дека е цар за водење на брендот. И еден ден му доаѓа некој и му вика: Ќе правиме "Мис бавча"! И овој вика: Ааааа, спонзорираме тоа, задолжително!

- Стварно, што ќе им даде Орифлејм на победничките на "Мис бавча"? Помада за негување стопала и петици?

-----------------------------

Напомена: Компанијата Орифлеим дополнително демантираше каква било врска со оваа манифестација.

21 септември 2012 - 12:06