Риалити, будали сме и ја и ти

Кој рече дека веќе не постои ангажирана музика? Еве една жестока анти-химна на популарните тв форми - реалните шоуа. Новиот Џони Штулиќ се вика Зока Босанац. Со тоа што, ќе видите и сами, какво време, таков Штулиќ.

Одиме уште малку со Зока, ока?

Љубовна е и претажна. Откако Кристина се превртила, Зока удрил на алкохол али па нејќе да биде со друга јер не е издаица. И пијан му кажуе бајки на синот.

Има тука и една генијална рима: пиќа - седам зубиќа.

Го затвораме ова медицинско досие со песната "Моја жена има швалера" од чиј наслов ви е јасно што е проблемот. Но, не го знаете решението!

Спотот започнува како сцена од филмот "Париз, Тексас". По што све оди у курац.

Џони, не се враќај, џабе е.

 

28 септември 2016 - 11:16