Лажната хрватска принцеза и американските медиуми

1991 година, почнува српско-хрватскиот воен пичвајз. Ненадејното внимание на американските медиуми кон овој простор го искористува извесна лепенка Сузана Радиќ, претставувајќи им се како Сузана Франкипане Анжу Торкватус фон Радиќ, хрватска принцеза и последна жива фиданка од старата кралска лоза. Да ги видите вие тие аристократски кукурек шишки, тие благороднички чатма веѓи, таа ројалски суптилна шминка. Браво ма Суска! 

 

23 февруари 2017 - 13:57