Книготека

Цветан В. Светловирски

Ми се смручи дур се наачив

Цветан Светловирски, и.т.п.к. (исто така познат како) Враживирски, е човек со долга бела брада и два пара дебели очила, кој делува мошне строго и сериозно.

Но неговата поезија е толку игрива и забавна што помислувате дека таа е на некое младо момче, кое со јазичните акробации, зборовните слетови и досетливите рими (кои на крајот на книгата заслужиле и свој индекс-римариум), се обидува да освои некоја Наташа од Ваташа.

Само од време на време станува јасно дека тука се работи за некој стар поет од волк, кој сепак знае дека ако си нон-стоп грозно сериозен, си на пат да станеш сериозно грозен.

Читај