Едиторијал

Ќе нè нормализираат од Латас со... Народен глас?

Латас се чаламел на некој подкаст со сексуални приказни од својата младост, домаќинот на подкастот на тие приказни се смеел како зелка... И еве ни лавина Фејсбук, Твитер осуди, згрозувања, апели за канселирање..... Ајде ние да се позанимаваме со непопуларните страни на оваа приказна.    

Факт: Хиените се полни со енергија

Некој наш сограѓанин се пожалил до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека се почувствувал етнички дискриминиран од една статија на нашиот сајт. Статијата е поврзана со хиени и Бугари. Хихи.

Зошто ги викаат неспособни?

Ако има едно видео што комплетно ја опфаќа гнилоста на целиот систем што нагалено го викаме „држава“ тогаш тоа е снимката (на А1он) од пристигнувањето на возилата на Брза помош од Тетово во Судска медицина по синоќешниот трагичен пожар во монтажната ковид болница во Тетово.

Колеги, не се мачете во наше име

Биле на брифинг во Влада, таму им давале упатства и насоки како се користи името и слично, и онда пишале нешто од кое сакаме (со гадење, со све) на време да се оградиме.

Апсете ја Ванковска!

Ванковска напишала три збора на Фејсбук. Првиот збор е трагедија. Вториот е иронија. Третиот е Карпалак. Како што на најостроумните во гневната публика им е веќе јасно, ние со ваков наслов би да подметнеме предлог за поблага казна, пошто во ова општество на суптилен јавен говор, тие три збора ваљда се доволни жената да се спали. М?

Пасаран, пасаран...

Во многу држави постои сериозна загриженост од концептот на „државата - дадилка’, концепт во кој државниот апарат ги третира своите граѓани за мало(умни)летни па им регулира безброј ситници од обичниот живот. Далеку сме ние од таа опасност од државата дадилка. Кај нас државата уште е доилка.

Маматамамина

Почнале да нè пишуваат споено и преглупо. Северномакедонски.... И сега ние треба да му пишуваме писма, меилови и фермани на цел свет, па да им објаснуваме, не така, не вака, не споено, она второто со голема буква....

Видлива и невидлива Македонија

Од само два (со бројка: 2) конкретни, нумерички изразени критериуми за тоа што е успешен референдум (овој, оној, небитно), они сега пробуваат да забегаат во чист импресионизам.
Колку е два плус два?
Многу.

Ја тебја рубљу

Како Офф.нет успева да опстане е прашањето што ќе ги мачи „додека го дишат овој воздух, додека ги држи паметот“. До вчера им беше вмро, сега мора да се руски пари. Плус жена, плус врзани реклами, комплицирано.

Преписки со нормални читатели

Пратил човекот текст за нашиве „Писма на читатели“, вели му дошло да си каже што му е на душа. Напишаното разумно и писмено, само што, на тема на општово срање во кое се наоѓаме долго и предолго. Па како тој гледа на работите...

Како за фотка од Џони ни побараа 5.000 евра?

Наоколу се имаат накотено мршојадци. Сè фино имаат смислено, само што некогаш им фали мрша.

За ланските снегови на Климентина

Имаме среќа што денес нема негде објавено дека воздухот е радиоактивен. Додека за тоа се свестат „напредните“, пепел ќе се сториме.

За нашата уредувачка политика во 2016-та

Оваа викаат дека ќе биде изборна година. Пропагандните машинерии сè уште не се забревтани до максимум ама кај и да е -  ќе. Па да биде јасно за нас, и на тие што ги водат машинериите и на тие што доброволно горат во нив по социјалните мрежи.

Трендо во бомбите

Штета, овој ден требаше да биде посветен на вистината за смртта на Никола Младенов. А не јас да ви раскажувам што курац правам со мои пријатели.

Психомодо Mрак

Не барав многу. Ви дадов неколку забелешки за кои може (треба) да размислувате и се понадевав на долгорочно (по можност епохално) недослушање. И требаше тука да заврши со оглед дека си сред револуција и со надеж дека правиш некои побитни работи кои ќе доведат до конечна слобода, отколку гневење на интернет. Ама не. Добив "Фрчко за сиромашни" текст на нереализиран маалски насилник.

Лабилниот Коља и неговото право

Имавме деновиве статија за лакомоста по делови од Водно, напишана од човек кој го знае тој проблем од мали нозе. Човекот се потпишува на својот став онака како што се вика - Љупчо. Али, не оди тоа така! Налудничавата двојка Саше Гревот и Коља Мраколитико тука наоѓаат уште една завера (им објавивме линк "Овие пак нè открија"), правејќи една велелепно кретенска приказна дека тоа е уствари Трендо, дека писмото е анонимно, дека каков Љупчо, не ни постои Љупчо. Све ќе беше тоа ок и пак ќе пројдеа лесно, ако не го налутеа човекот. Кој човек? Па, Љупчо. 

Милчин, вас барем порано не ве мрзеше да читате. Што стана?

Да расчлениме една медиумска пиеса, проста по структура а простачка по намера, во која професорот, за жал, не е ни режисер туку, ете така, се свел на лепач на плакати. Да видите како ние на офф.нет ќе напишеме статија за недвижноститe во Америка а таа ќе заврши со наслови: Трендо го брани Грујо.

Зошто не работевме годинава

Амбицијата за годинава ни беше да работиме малку повеќе отколку што нема да работиме (тесна победа). Тоа што го работиме го гледате секаде наоколу на сајтот, ова се останати моменти (од кои имаме какви такви сеќавања).

Си немал Блумберг работа...

.... па си ги подебавал овие од Офф.нет.

Игра рокенрол цела државна субвенција

Накратко, на сите на кои им падна на памет една така глупа идеја за државни субвенции за македонска музика би им го пуштил другар ми Чеде со саати да им ја пее својата омилена македонска песна: "Од умот се подизгубив". На малку подолго, вака:

Една година off.net.mk

Точно на овој ден лани, погонот за информирање и разонода Трендоленд го извади на интернет улица своето oмилено возило - off.net.mk. И сега, кое е доминантното чувство после минати 365 дена зад волан, имајќи го до себе најдобриот екипаж наоколу со кој сме продуцирале 9.761 статија и срам ни е да кажеме колку легендарни дружби? Кое е главното чувство кога знаеш дека успеваш редовно да дадеш плата, дека секој ден нè посетуваат десетици илјади луѓе, дека си добил илјадници интересни меилови а сајтот го прогласиле за сајт на годината? Убаво, дечки, убаво. И гласи: Надвор е пролет, живи сме.

Орифлеим се оградува од "Мис Бавча"

Со допис до нашата редакција, компанијата Орифлеим демантира дека има каква било врска со шармантната манифестација "Мис Бавча" на чиј плакат се наведени без дозвола и со старо лого. Искажуваат незадоволство, резигнирани се и нормално, спомнуваат судови. Ах, што сакаме така....

off.net.mk - првите 30 дена

Помина само еден месец откако ги запаливме машините. Ние допрва фаќаме залет ама вас ве има - ваууу! Довербата која ни ја давате ги шишна и најоптимистичките очекувања. Само 30 дена ни требаа да се најдеме и да се навикнеме едни на други: вие на нашите пишуванки, ние на желбата да споделиме нешто со вас. Сплескавме еден инфографик за тоа како изгледаа овие 30 дена во бројки.