Drop series продолжува со редефинирање на добрата забава!

Промотерската и DJ-ска организација – Дроп сериес од Скопје, формирана пред 3 години продолжува да ја "зачинува" електронската сцена со своите одлични забави.

Седумте момци позади оваа организација- Видиновски, Горан Кан, Стојче, Тевдо, Пацки, Конга, Апостолски и Милескаја се инспирирани од добриот електронски звук и желбата за вечери кои ќе го редефинираат ноќниот градски живот. Од неодамна на тимот им се приклучи и Сандра Камилоска, која е задолжена за изработка на визуелниот идентитет и промоција на Дроп забавите.

Нивната мисија, како што велат тие, е производство на квалитетна музичка продукција, промоција и издаваштво. Во склоп на организацијата има три издавачки куќи – Argumento Music, Tangible Assets и Excel Recordings, две од нив се едни од ретките во регионот кои издаваат винил плочи. Членовите на Дроп често имаат свои гостувања во познати европски клубови и на фестивали меѓу кои се Tresor, Fuxx, Exit Festival, Reworks, Love Fest, Amsterdam Dance Event...

Во последните 3 години беа дел од "виновниците" кои ја заживеаа старата скопска чаршија со нивните добро посетени забави во клубот Капан Ан, а дел од нивните цело вечерни доживувања беа и реномирани странски DJ, како што се: Kink, Juniper, Marko Nastic, Mareena, Regen, Nick Lapien и други.

Членовите на Дроп и пред да ја оформат својата организација имаат индивидуално работено на журки на големи ДЈ-ски звезди како Space Djz, Ade Fenton, Ben Sims, Oliver Ho, Mark Williams, Terry Michel, Alexander Kowalski, Petar Dundov, Devilfish и многу други.

Оваа зимска сезона момците од Дроп ја менуваат локацијата, па отсега секој втор петок ќе ги одржуваат своите резидент вечери во нов возбудлив простор во центарот на Скопје. Пингвин клубот ги има сите услови да биде ново собиралиште на електронската публика во градот. Покрај Пингвин, забави ќе се организираат и во МКЦ, а првата веќе се одржа 18.10 и беше една од оние журки за кои ќе се зборува и по некоја година. На журката македонската публика уживаше во сетовите на Видиновски, Апостолски, Мирко Попов и ѕвездата на вечерта Марко Настиќ.

Повеќе од нив на Фејсбук.

(комерцијален текст)

24 октомври 2014 - 14:06