За родените помеѓу 1900-2004

Вашиот роденденски збор

Koj збор (во англискиот) ја одбележал годината кога сте се родиле? Бутлег, френеми, блог или паркур? Проверете сами.

Можеби сте се заинтересирале која од славните личности е родена истата година кога и вие. Можеби ве копкало кој голем настан се случил кога сте се појавиле на свет. Но веројатно никогаш не ви текнало да пребарате кој збор влегол во речник годината кога сте се родиле.

Тоа кој збор бил популарен во вашата година доста кажува не само за лингвистичките трендови, туку и за културолошките текови кои актуелизирале некој збор, до тој степен што тој влегол во официјален речник. Не, не мислиме на речникот на македонскиот јазик чие темпо на збогатување може евентуално да се мери во геолошко време. Во случајов се работи за Оксфордскиот речник на англиски јазик, чиј тим изработил „роденденски генератор на зборови". Единствен проблем е ако сте родени пред 1900, затоа што архивата почнува од таа година или по 2004, затоа што тоа е најновиот датум. Важно е дека речникот ја регистрира првата позната употреба на некој збор, што не значи дека хронологијата е фиксна - доколку се појави доказ за постара употреба, податоците се менуваат. 

Kликнете тука, и од лево на апликацијата одберете ја вашата декада, а потоа и годината. Нам ни се падна reboot, што и не е лошо ко за роденден. Ама има и подобри од нас, на кои им се падна - chocoholic!

19 декември 2013 - 19:12